Search

МНР: Загинатиот планинар на Олимп е 57 – годишен скопјанец

Македонскиот планинар кој загинал на планината Олимп во Грција по пад во провалија е 57-годишен скопјанец со иницијали М.Г., информираат од Министерството за надворешни работи.

Според нивните првични сознанија, по сведочењето на очевидци, несреќата се случила на 100 метри пред планинарскиот дом Спилиос Агапитас.

Во извлекувањето на планинарот биле ангажирани 14 пожарникари и припадници на специјалната единица за несреќи кои биле мобилизирани да го извлечат планинарот, но единствено констатирале смрт.

Утре во Солун треба да биде извршена обдукција на телото на М.Г. по што ќе се знае повеќе за причината на губењето на рамнотежата.

Претпоставките се дека добил срцев удар.

Треба да знаете
Последни објави