Search

Млада девојка почина од струен удар откако полначот и паднал во када

Млада девојка почина од струен удар откако полначот и паднал во када

Русинката Ирина Рубникова починала од струен удар  додека се капела, пишува британски „Сан“. Ирина настрадала откако нејзиниот полнач за iPhone паднал во водата. 15-годишното девојче било пронајдено мртво во саботата во нејзиниот дом во Братск, Русија.

Нејзиното семејство и пријатели со голема болка ја примија веста за прераната смрт. Ирина била шампион во борење во панкратион, античка грчка боречка вештина, која подразбира борење и боксување без никакви правила. Таа била дел од националниот руски боречки тим.

„Ирина сонуваше да стане светски шампион. Таа беше прекрасна личност. Најдобрата и најсакана од сите“, изјавиле нејзините пријатели.

„Отсекогаш сонуваше да успее во спортот. Сакавме да заминеме заедно во друг град и да учиме таму. Сите ја сакаа. Ирина беше мила и убава“, велат нејзините пријатели

Нејзината сестра Татјана (25) за весникот „Комсомолскаја правда“ изјавила дека таа била прекрасна девојка која имала многу пријатели.

„Таа повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени. Сега во домот е толку е тивко и празно без неа“, изјавила Татјана.

Со соопштение излегле и од Спортската федерација на Русија, од каде испратиле сочувство за прерано изгубениот живот.

„Трагична несреќа ѝ се случи на нашиот шампион, пријател и студент Ирина Рубникова. Нека почива во мир“, соопштиле од  Спортската федерација на Русија.

Руските безбедносни лица претходно предупредиле за опасноста од користењето на мобилните телефони и полначите во бањите.

Во февруари уште една руска девојка по име Ксенија П.  настрада од полнач за смартфон, кој паднал во водата додека таа се капела.

Треба да знаете
Последни објави