Search

Мицотакис го одби повикот на Ципрас за ТВ дуел

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија, го одби повикот на премиерот на Грција, Алексис Ципрас упатен до лидерот на опозициската партија, Кириакос Мицотакис за телевизиско соочување.

На дебатата требаше да стане збор за преспанскиот договор, пренесе „АНА-МПА“.

Во соопштението на Нова демократија се наведува дека за меѓународните договори се расправа во грчкиот парламент, со учество на сите партии и пратеници кои мораат да ја преземат својата историска одговорност, посебно кога е во прашање договор што е клучен во решавањето на спорот со Поранешната југословенска Република Македонија.

Нова демократија го повика Ципрас да објасни во парламентот зошто планира да го ратификува штетниот договор од Преспа и да ги предаде, како што вели, таканаречената македонска припадност и јазик, што ниту една претходна грчка влада не можела ни да го замисли.

Ако премиерот брза да одржи дебата, се додава во соопштението, тој би требало да распише предвремени избори и да им дозволи на граѓаните самите да одлучат.

Треба да знаете
Последни објави