Search

Мицкоски: Заев и СДСМ функциите ги користат само за да дојдат до пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со граѓаните на општина Битола.

Како што информираат од партијата, во неговото обраќање тој посочил дека од досегашните средби што ги имал со голем број на граѓани ширум земјата слушнал само лоши работи за начинот на кој работи владата на СДСМ и Зоран Заев.

„Луѓето се чуствуваат измамени, луѓето се чуствуваат понижено од оваа власт. Ветуваа плата од 500 евра, а такви плати нема, ветуваа добра бизнис клима, а единствено што направија е што покачија даноци, кој сега ги плаќа народот“, рекол Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и неговите министри не ги интересира функцијата за да направат нешто добро за граѓаните, туку единствено ги интересираат функциите за пари.

„Ветуваа дека ќе ја направат РЕК Битола како швајцарски саат да работи, нема месец без да испадне најмалку еднаш или два пати блокот во РЕК Битола. А се сеќавам тој истиот сега таму кои што тендери во четири очи си дели со фирма тука на сите нас позната во Битола, на мафијашки начин, додека се сонча во скапи ресорти и скија на скапи планини, се пењавеше, се препелкаше како опозиционер, а сега го нема никаде да ја слушне критиката. Никаде го нема да излезе да каже згрешив не било така, лажев за пусти пари била работата“, истакнал Мицкоски.

„Не критикуваат зошто само сме критикувале, а не сме нуделе решение, ќе повторам нека распише он избори ќе ги слушне реченијата“, додал партискиот претседател на средбата со Битолчани.

Треба да знаете
Последни објави