Search

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница

Интегрален текст од изјава на Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска бевме еве овде во Прилеп на состанок, на средба би рекол со регионалната стопанска комора. Разговаравме за проектите и содржината со фокус на економскиот дел, економската понуда од нашата читанка како што секаде ја претставуваме „Проект – Обнова“.

Зборувавме за предизвиците со кои што денеска се соочуваат би рекол луѓето од реалниот сектор овде во Прилеп кои што се дел и членки на регионалната стопанска комора.

Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма. Кои што понатаму ќе бидат дел од би рекол програмата на Владата. Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој што би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до границата со нашиот јужен сосед. Нешто што е дамнешна желба на жителите на Пелагонискиот крај, на Прилепчани но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде од Прилеп и Пелагонија во целост.

Потоа зборувавме за политиките во делот на земјоделието со акцент на тутунот и тутунопроизводителите. Зборувавме и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката. Така што ценам дека имавме навистина корисна средба, средба на која што ние можевме да се презентираме и да имаме определена интеракција со стопанствениците од овде, од градот Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави