Search

Митови за мажите и сексот: Заборавете на овие „вистини“ кои мажите ги сакаат во кревет

Женските магазини пред неколку децении доведоа до еманципација на подрачјето на сексуалноста.

Дури некои беа исклучиво посветени за жените, поточно со совети како да се постигне задоволство во кревет, но и трикови како да ги задржат мажите со различни вештини во кревет.

Магазините кои ги учеа жените за уметноста на задоволување на мажите, сега тврдат дека  треба да се заборават сите стари совети. Друго време, други лекции.

Затоа отфрлете ја старата вера и знаења, бидејќи очигледно ништо од тоа не е вистина-мажите всушност сакаат други работи во кревет.

Погледнете ја оваа листа:

Мажите сакаат секс со „Порно ѕвезда“

Секако дека речиси сите мажи гледаат порно филмови, но тоа не значи дека сакаат да ја применат некоја порно сцена во кревет со девојката. Примена на буквална сцена од порно филм може да го олади партнерот во кревет, но не и да го фасцинира.

Мажите не сакаат предигра

На мажите им треба неколку минути директна стимулација да доживеат оргазам, а на жените 20 минути или повеќе. Иако мажите можат веднаш да се возбудат тоа не значи дека сакаат само секс. Тие се заинтересирани за предигра посебно кога ќе видат дека нивната партнерка ужива.

Пенис-нивна единствена ерогена зона

Точно е , пенисот е главна ерогена зона кај мажите, но не и единствена. Не заборавajте да уживате во остатокот од телото, како што е вратот, рамената, задникот, ушите, брадавиците…дури повеќе од 90 отсто од мажите во една анкета се жалеле дека жените забораваат на нивните други ерогени зони.

Лижење лижавче

Ако го повторите истото движење со јазикот – како да лижете лижавче, нема да го воодушевите партнерот. Бидете иновативни, но немојте да грицкате.

Мажите се задолжени за кондоми

Сигурниот секс е заедничка одговорност. Значи, погрижете се да знаете повеќе за заштитата. Доколку вашиот однос трае, мажите очекуваат дека ќе бидете одговорни за пилули за контрацепција.

Мажите сакаат жената да биде гласна

Повеќето мажи не би уживале во секс во кој жената се однесува како мртов предмет и не се слуша во текот на односот, премногу гласни жени исто така не се сон на секој маж. Бидете природни и не додавајте непотребни и посебно звучни ефекти.

Треба да знаете
Последни објави