Search

Минов: Ќе го прекинам членувањето во пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

Минов: Ќе го прекинам членувањето во пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

Бидејќи добив информација дека Христијан Мицкоски вечерва на Централниот комитет го разрешил Митко Јанчев од потпретседател и сметам дека тоа е погрешна одлука, ако е тоа така, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група, предводена од ВМРО ДПМНЕ каде сум коалицонен партнер од ГРОМ, додека претседател на партијата која е носител на коалицијата е Христија Мицкоски,изјави Минов вечерва во дебатата на ТВ24.

Минов најави дека со тоа ќе го задржи статусот пратеник од ГРОМ во опозиција и ќе ги застапува граѓаните кои му ја дале довербата и мандатот за пратеник во Собранието.

-Сметам дека Јанчев е успешен градоначалник, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци со кој победивме во коалиција на парламентарните избори, и на локалните избори кога тој стана градоначалник. Со вакви недемократски методи поради различно мислење во партијата, за мене е несфатливо, рече Минов, кој информацијата за разрешувањето ја доби за време на учеството во дебатата.

Треба да знаете
Последни објави