Search

Минатата недела казнети 316 возачи за непрописно паркирање во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 316 возачи за непрописно паркирање кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 25.11. до 01.12., со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 177 непрописно паркирани возила, од кои четири несовесно паркирани возила на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар наведуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Треба да знаете
Последни објави