Search

Милевски може да остане без услугите на Адеми и за дуелите со Лихтенштајн и Германија

За време на натпреварот од хрватскиот фудбалски Куп меѓу Динамо Загреб и Оријент, капитенот на „модрите“ и македонски репрезентативец Аријан Адеми се пожалил на болки во бутниот мускул поради што побарал да биде заменет. Ова е лоша вест за македонскиот селектор Благоја Милевски, бидејќи Адеми може да го нема на располагање и за мундијалските октомвриски квалифиакцсики мечеви со Лихтенштајн и Германија.

Во следните неколку денови Адеми ќе бидат направи дополнителни лекатски прегледи по кои ќе се знае за каква повреда се работи и колку дена ќе мора да паузира.

Македонија на 8. октомври му гостува на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекува Германија во Скопје.

Адеми поради повреда ги пропушти дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.

Треба да знаете
Последни објави