Search

Милан потона во Атина и доживеа елиминација од ЛЕ

Калчолигашот Милан загуби од Олимпијакос со 3-1 во решавачката последната битка од групната фаза од Лигата на Европа, пораз со кој клубот од Милано доживеа елиминација од ова натпреварување.

На дуелот во Атина се беше мирно до 60 минута кога започнаа вистинските возбудувања, односно почнаа да паѓаат голови. Сисе се најде на вистинското место и донесе радост за домаќините, предност која во 70 минута беше удвоена со автоголот на Запата во 70 минута.

Меѓутоа „росонерите“ брзо го возвратија ударот и преку Запата во 72 дојдоа до резултат кој ги водеше во елиминациската фаза. Ама десет минути подоцна беше досуден пенал за Олимпијакос кој го реализираше Фортунис, а со тоа и го одводе својот тим во нокаут рундата во ЛЕ.

Од другите позначaјани случувања вреди да се извдои дека Селтик и покрај поразот од Салцбург оди понатами и тоа благодарение на Розенборг кој со гол во 86 минута се избори за реми од 1-1.

Што се однесува до нашите репрезентативци, Тричковски од 57 минута настапи за АЕК Ларнака во дебаклот во пресметката со Баер Леверкузен (1-5), додека Стефан Ристовски одигра 64 минути за Спортинг во победата над Ворскла (3-0).

Треба да знаете
Последни објави