Search

МЗТ Скопје ја прекина соработката со Радуловиќ и со Морнар

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродорм ја прекина соработката со Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар. Двајцата од денска повеќе не се кошаркари на МЗТ Скопје и ќе можат да си побараат нови средини.

– Нивното заминување е во контекст на неодамна најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата. Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби, соопштија аеродромци на официјалниот клупска веб-страница.

 

Треба да знаете
Последни објави