Search

МЗТ Скопје и Работнички ќе играат еднокружно и во ,,балони”, скратена АБА-2 лигата

Планирани се два турнири кои би се одржале во текот на ноември и јануари, што носи дополнителни измени во системот за натпреварување. Неизвесно време и во АБА конкуренцијата. Особено онаа во АБА-2, каде имаме две екипи-учесници во сезоната 2020/2021.

Доколку, макар некако оние од од АБА лигата се договорија истата да почне овој викенд, барем засега, нема официјална потврда што, и како ќе се одвиваат натпреварите во АБА-2 конкуренцијата.

Последните предлози, иако сеуште во сферата на неофицијалното се дека, комплетното натпреварување во оваа конкуренција ќе се одвива во т.н. „балони“, нешто налик на начинот на кој е организирана завршницата во НБА лигата.

Извесно е тоа дека во АБА-2 лигата ќе дојде и до скратување на сезоната, и дека натпреварите нема да се одвиваат двокружно, односно нема да се одиграат сите 26 планирани кола, туку ќе бидат „одработени“ половина од нив. Поточно 13 рунди во пресрет на плеј-офот односно плеј-аутот.

Планот е првиот „балон“ да биде одигран во текот на ноември, во еден од градовите од каде доаѓаат учесниците во ова натпреварување, а во јануари, 2021 година да биде вториот, секако за оние лигашки натпревари.

Во првиот би се одиграле шест или седум кола, а во оној вториот преостанатите, од вкупно 13. мечеви. Потоа би следеле плеј-оф натпреварите, најверојатно со осум екипи, а доигрувањето би требало да биде во март, сместено во трет „балон“.

АБА се одлучи за еден ваков потег поради безбедноста и заштитата на учесниците, иако трошоците на лигата која „покрива“ сè, ќе бидат многу поголеми отколку да се игра како во досегашните изданија.

Извесно е дека многу клубови не би имале финансиски средства за задолжителните и чести тестирања од корона вирусот при патувањата. Па оттука одлуката на АБА е од исклучителна важност и од тој финансиски аспект.

Треба да знаете
Последни објави