Search

Мета: Анкетна комисија за извештајот на Дик Марти не е во корист на Албанија и Косово, туку на Србија

Албанскиот претседател Илир Мета оценува дека фомирањето парламентарна анкетна комисија за извештајот на Дик Марти во врска со истрагата за злосторствата за време на војната на Косово апсурдна и бескорисна.

Немаме време да губиме со дела што им служат на непријателите на Албанија, вели тој и додава дека тоа не им служи ниту на Косово, ниту на Албанија и оти е мотивирано од Србија.

– Мислам дека е кристално јасно дека тоа е навистина апсурден и бескорисен чин. Косово е независна држава. Сепак, многу други беа на меѓународните судови и ги добија. Убеден сум дека во иднина ќе ги добиеме и овие процеси кои се мотивирани од Србија и нејзините приврзаници, кои сметаат дека преку овие сценарија и политички процеси ќе можат да го рехабилитираат периодот и режимот на Милошевиќ, изјавил Мета, пренесува Ора њуз телевија.

Одлука да се формира ваква комисија албанскиот Парламент ја донесе на последната седница, на  предлог на Таулант Бала, координтор на пратеничката група на владејачката Социјалистика партија и генерален секретар на партијата.

Образложувајќи го предлогот Бала рече дека комисијата ќе ги испитува тврдењата на Марти, дека „на територијата на Албанија биле вршени злосторства против човештвото во рамки на војната на ОВК, што нема никаква основа”.

Сите се согласуваме, додаде тој, дека во Албанија никогаш не се случиле воени злосторства.

Комисијата треба да подготови детален извештај во период од три месеци, за сите прашања за кои се тврди дека е вмешана Албанија, од кампови за обука во северниот дел на земјата, до т.н. жолта куќа во селото Гур,општина Бурел,во североисточниот дел, каде се смета дека им биле вадени органи на заробени пред се Срби, но и Роми од Косово.

Треба да знаете
Последни објави