Search

Менди: Неможев да поверувам кога Реал Мадрид се јави

Новиот дефанзивец на Реал Мадрид, Ферлан Менди, не крие дека е загрижен поради трансферот од Лион. За него, „белите” ќе му платат на Лион 48 милиони евра, со што францускиот репрезентативец ќе стане втор најскап играч на својот пост.

– Кога Реал Мадрид ме контактираше, неможев да поверувам дека е вистина. Многу сум среќен и се надевам дека ќе освојам многу трофеи. Не сакам да коментирам за износот даден за мене, бидејќи тоа е договор меѓу двата клуба. Јас само сакам да играм силно. Дојдов тука нервозен и загрижен, но веќе почнувам да сфаќам дека сум дел од Реал Мадрид, изјави 24-годишниот фудбалер од Сенегал.

Тој потоа ја раскажа својата тешка животна приказна и за шансата да не заигра повеќе фудбал.

– Пред десет години, имав операција на бутот и останав неколку месеци во болница. Потоа ми рекоа дека повеќе нема да играм фудбал. Сепак, бев амбициозен и никогаш не се откажав од верувањето во мојот сон – еден ден да дојдам во Реал Мадрид. Еве, таа се оствари, продолжи Менди.

Французинот изрази надеж дека ќе игра во што е можно повеќе дуели и ќе помогне на тимот да освојува трофеи.

– Не знам дали ќе бидам стартер или резерва. За мене, нема да е проблем ако не сум во стартната постава, но премногу е рано да се каже, рече адолесцентот на Л`Авр.

На неговиот настап на „Сантијаго Бернабеу”, тој беше во друштво на неговата мајка и двете сестри.

Пред тоа, Реал веќе ги промовираше Лука Јовиќ, Еден Азар и Родриго Гоес, а тоа ќе се случи и со Едер Милиато, кој во моментов е на Копа Америка.

Треба да знаете
Последни објави