Search

Медведев ограбен во соблекувалната за време на финалето од завршниот турнир во Торино

Вториот светски тениски рекет, Русинот Данил Медведев кој загуби во финалето на завршниот Мастерс во Торино од Германецот Алесандер Зверев за време на мечот бил ограбен во соблекувалната. Покрај загубениот меч од Александар Зверев, Русинот останал и без својот часовник вреден 200.000 евра. Вредноста на часовникот „Бовет Отантасеи Турболион“ е толку голема бидејќи е изработен во ограничена серија и направени се само 86 примероци.

Медведев веднаш по мечот во неделата вечерта го пријавил случајот во полицијата. Еден од менаџерите на турнирот во Торино го пронашол часовникот и му го вратил на Медведев, но истрагата кој ја извршил кражбата продолжила. Менаџерот кој го пронашол украдениот часовник на Медведев изјавил дека до него вредниот предмет стигнал преку неколку луѓе, пред да му биде вратен на Медведев.

Треба да знаете
Последни објави