Search

Меган и Хари ќе се преселат во Африка по раѓањето на бебето, според „Сан“

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари (34) и Меган Маркл (37), моментно преговараат за преселба во Јужноафриканската Република, каде што треба да живеат четири месеци во годината, пишува „Сан“.

Кралицата Елизабета Втора (93) и принцот Чарлс (70) се согласуваат со преселувањето. Според „Сан“, војводата и војвотката од Сасекс ќе можат да се преселат таму делумно следната година. Прв избор на двојката е Јужноафриканската Република, а на второ место е Боцвана.

Минатата недела беа демантирани тврдењата дека Меган планира да се врати во САД за да може еден ден да стане американска претседателка, како и тоа дека Меган нема политички амбиции.

„Хари и Меган учествуваат во планирањето на преселувањето, но тоа е планирано за следната година или до 2021 година. Идејата е двојката во Африка да помине три до четири месеци годишно, како и да работат таму и да патуваат оттаму“ изјави пријател на кралското семејство. Исто така, Хари и Меган сé уште не знаат каква улога ќе играат во Африка.

„Тие би сакале да бидат амбасадори на Велика Британија и да се занимаваат со добротворни акции. Тие ја сакаат идејата да имаат вистински дом во африканска земја, бидејќи можат да бидат вклучени во работата на заедницата. Хари е исклучително приврзан за Африка“, кажа пријател на кралската двојка.

Треба да знаете
Последни објави