Search

Мајката на Пино: Ангела ќе излезе од затвор на 40 години и ќе продолжи со животот понатаму

Ангела сега има 22 години. По завршувањето на затворската казна, таа на 40 години ќе излезе од затвор и ќе си го продолжи животот како слободен човек. Веројатно ќе си оформи семејство, ќе добие деца… Ќе продолжи таму каде што застанала. Ќе живее, ќе се смее, ќе го гледа сонцето, месечината… Пино ништо од тоа нема да види, никогаш. Нема ниту ние да го видиме, никогаш. Неговите деца нема да се родат, јас моето дете нема да го прегрнам никогаш, оти така сакале и одлучиле Ангела и убиецот Фуркан – потресено, во телефонски разговор за ,,Фокус,” раскажува Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо, 26-годишното момче кое беше убиено во декември 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави