Search

Машиновозачите бараат за нив да не важи ограничувањето за исплата на додатоци на плата и материјални трошоци

Машинскиот персонал на Железници АД Транспорт денеска упати барање до Владата да биде изземен од одлуката за неисплаќање додатоци на плата и материјални трошоци, а  којашто беше донесена како дел од мерките за намалување на трошоците во тек на економско здравствената криза.

Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдкат на машиновозачите, за МИА изјави дека работните обврски ги извршуваат навереме и имаат зголемен обем на работа во товарниот сообраќај

– Ова барање е затоа што сите ние своите обврски ги извршуваме навремено и тоа со зголемен обем на работа, поготово во товарниот транспорт каде што се соочуваме со голем ризик за нашето здравје и по здравјето на нашите фамилии. Работните обврски ги извршуваме кога е активна мерката за забрана за движење поради вонредната состојба во која што се наоѓаме. Ви благодариме за разбирањето и очекуваме дека барањето ќе биде прифатено, стои во барањето потпишано од Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на Машинскиот персонал.

Треба да знаете
Последни објави