Search

Маричиќ-Холштајн: Сметаме на германска поддршка за креирање Кривичен законик по европски модел

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн.

Маричиќ се заблагодари за поддршката од Германија дадена за подготовката на законите во казнено-правната област и експертската помош во реформите во правосудството.

Како што соопшти владината прес-служба, Маричиќ истакна дека смета на поддршката на Германија за креирање на Кривичен законик по европски модел.

Во однос на евроинтеграциските процеси на Република Северна Македонија, министерот Маричиќ истакна дека очекува за време на германското претседавање со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција и отворање на Поглавјето 23 и дополни дека Берлинскиот процес непречено ќе се одвива.

Треба да знаете
Последни објави