Search

Маричиќ најави промена на изборниот законик и воведување отворени листи

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на денешната прес конференција најави промена на изборниот законик и воведување на отворени кандидатски листи. Мерката е дел од работниот план што ќе треба да го реализира министерството коешто го предводи.

-Ќе работам на измените на изборниот законик со кои ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори наредната година.Изборниот законик се носи со апсолутно мнозинство, тој закон се носи со консензус, од СДСМ имаше определба за една изборна единица останува на волјата на останатите политички чинители. Доколку клучните партии се согласат ќе ја вградиме, ако не наредните избори локални да овозможат на советничките листи да се гласа со преференцијални гласови со сосема отворени кандидатски листи, рече Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави