Search

Македонските одбојкари ги дознаа термините за квалификации за ЕП 2021

Македонската одбојкарска репрезентација го доби точниот распоред во квалификациите за Европското првенство 2021.

Распоред за двата турнира во Ц-групата:

Прв турнир, домаќин Данска:

8 јануари:
Босна и Херцеговина – Турција (16 часот)
Данска – Македонија (19 часот)
9 јануари:
Турција – Македонија (16 часот)
Босна и Херцеговина – Данска (19 часот)
10 јануари:
Македонија – Босна и Херцеговина (16 часот)
Турција – Данска (19 часот).

Втор турнир, домаќин Македонија:

15 јануари:
Данска – Турција (17.30 часот)
Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот)
16 јануари:
Турција – Босна и Херцеговина (17.30 часот)
Македонија – Данска (20.30 часот)
17 јануари:
Босна и Херцеговина – Данска (17.30 часот)
Македонија – Турција (20.30 часот).

На Европското првенство 2021 ќе учествуваат 24 репрезентации. Покрај коорганизаторите Полска, Чешка, Естонија и Финска, директен пласман обезбедија и осум селекции според резултатите од претходниот шампионат во 2019: Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија и Белгија, како и репрезентацијата на Летонија која го освои првото место во квалификациската група „Д”.

Треба да знаете
Последни објави