Search

Македонските надежи третопласирани на турнирот во Чешка

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, го освои третото место во 26. издание на меѓународен турнир  „Вацлав Јежек“ во Чешка. Покрај македонските надежи и домашната селекција настапија и соодветните државни тимови на  Украина, Словачка, Латвија и Унгарија.

По освоеното второ место во групната фаза (пораз 2:1 од Украина, и победа 3:2 над Словачка) денеска  Македонија во натпреварот за третото место убедлива со 3:0 ја победи Унгарија.

– Овие момци потврдија дека имаат квалитет кој допрва ќе дојде до израз. Жалиме за поразот од Украина, бидејќи бевме подобри, но одиме напред кон нови предизвици. Верувам во овие момци и знам дека можат повеќе. Ова победа му ја посветуваме на нашиот голман Марко Алчевски кој е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Сите ние му посакуваме што побрзо да се врати на зелените терени, изјави селекторот Арслани.

Треба да знаете
Последни објави