Search

Маж направил зафат за отсекување на ушните школки за да го модифицира својот изглед

Модификацијата на телото не е сосема нов феномен. Минатата година, светската јавност дозна за човек кој почнал да се идентификува како „трансхуманист“, бидејќи над своето тело извршил повеќе од 100 трансформации, па дури ставил и силиконски рогови.

Сепак, друг човек отиде чекор понатаму во оваа област, рашавајќи се да ја отсече внатрешноста од своите уши.

Според објавите на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, оваа постапка се нарекува „отстранување на школката“ и се состои од отсекување на централниот дел од надворешното уво.

Чаи Мајберт на своите профили на социјалните мрежи се пофали дека на еден клиент му направил токму таков зафат.

Објавената фотографија е направена кратко време по завршената процедура, а многу луѓе имаа што да кажат на оваа тема.

Повеќето од коментарите на корисниците се негативни, а поретки се оние кои сметаат дека станува збор за интересен зафат кој го модифицира надворешниот изглед.

Во некои од коментарите се изразува загриженост во поглед на тоа дека процедурата може да го уништи слухот, но Чаи го истакнува следното.

„Надворешниот дел од увото не регистрира звуци, како што тоа било пред многу, многу години, кога ушите на луѓето биле поголеми“, посочил тој.

Сепак, аудиологот Шар Џилани во поглед на ваквата интервенција изјавил: „Моите очи крварат кога ќе ја видам оваа слика. Ве молам, однесувајте се одговорно кон вашите уши и вашиот слух и не прифаќајте вакви процедури, мислејќи дека тоа нема да влијае на вашето здравје. Ве молам, користете го мозокот и здравиот разум пред да се решите за вакво нешто“.

https://youtu.be/e2GbLdf6cCc

Треба да знаете
Последни објави