Search

Лукаку: Најдобриот период во мојата кариера

Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Ромелу Лукаку, кој постигна два гола синоќа на мечот од Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах (3:2), рече дека го поминува најдобриот период во неговата кариера.

– Требаше да го решиме мечот порано. Водството беше 3:1, а ние имавме среќа бидејќи на крајот тие можеа да изедначат. Како што реков, јас сум еден од 25-те играчи во тимот. Некои од нив се многу поискусни од мене. Сакам да му помогнам на Интер да победи и се обидувам да го сторам тоа на секој тренинг и на секој натпревар. Многу ми е драго што сум во ист тим со овие момци. Овие една и пол година во Интер се најдобри во мојата кариера и благодарен сум на тренерот, неговите асистенти и соиграчи, истакна Лукаку.

Пред да дојде во Интер, белгискиот репрезентативец настапуваше за Манчестер јунајтед, Евертон, ВБА, Челзи и Андерлехт.

Треба да знаете
Последни објави