Search

Либанскиот претседател не исклучува можност за надворешно мешање во експлозијата во Бејрут

Либанскиот претседател Мишел Аун изјави дека во истрагата за експлозијата во магацинот во пристаништето во Бејрут се трага по фактот дали станува збор за последица од надворешно мешање или е само небрежност или несреќа, соопшти денеска неговиот Кабинет.

– Причината сè уште не е утврдена. Постои можност за странско мешање преку ракета или бомба или некое друго дело, изјави Аун за локалните медиуми.

Тој рече дека побарал од францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера го посети Бејрут, да обезбеди фотографии од воздух за да се утврди што се случило.

– Ако Французите немаат, ќе ги бараме од друг извор, истакна Аун.

Тој рече дека истрагата ќе се води во три насоки: прво, како експлозивниот материјал влегол и се чувал, второ, дали експлозијата е резултат на небрежност или несреќа, и трета можност дали имало надворешно мешање.

Во експлозијаta што се случи во пристаништето во Бејрут во вторникот, загинаа најмалку 154 лица, а повредени се околу 5.000.

Треба да знаете
Последни објави