Search

Лејди Гага ја гризе совеста поради разделбата на Бредли Купер и неговата сопруга

„Љубовниот триаголник” – Бредли Купер (44), Ирина Шајк (33) и Лејди Гага (33) не престануваат да бидат главната тема на Холивуд. Додека некои шпекулираат дека актерот и пејачката биле во врска за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена”, други со нетрпение чекаат изјави од поранешните партнери и наводната љубовница.

Освен демантирањето на спорната врска, Гага и Купер не дадоа никакви изјави, но близок пријател на пејачката за USWeekly рече дека таа тешко се справува со ситуацијата.

„Гага се чувствува многу лошо поради нивниот прекин и ја гризе совеста. Не планира да започне врска со актерот, но ѝ беше жал за Ирина, бидејќи таа е свесна дека озборувањата за нивната афера секако се една од причините за нивната разделба и е свесна дека филмот во кој глумеше со Бредли имаше силно влијание врз нивната врска“, изјави пријателот за американското списание.

Треба да знаете
Последни објави