Search

Лекот против маларија не е ништо подобар од другите со кои се лечи коронавирусот

Лекот против маларија Хидроксихлорокин кој претседателот на САД Доналд Трамп го посочи како можно решение во лекувањето од коронавирусот не е ништо поефикасен од конвенционалните методи на лечење, покажало истаржувањето спроведено во Кина, наведува Блумберг. Тестирањето е спроведено на група од 30 луѓе. Од нив 15 кои биле третирани со лек против маларија по две недели, 13 биле негативни, а во другата група која не го добивала овој лек бројката на негативни била 14.

Блумберг наведува дека Хидроксихлорокин е користен со антибиотик во Франција  и добил на значење откако бил применуван во студија спорведена над 40 пациенти. Во ова испитување лекот им помогнал на 26 луѓе организмот да го победи вирусот, што е потврдено подоцна со брис земан од нос. Експертите ја критикуваа оваа студија нарекувајќи ја далеку од конечна во битката против коронавирусот.

Блумберг во повеќе наврати потсетува дека претседателот Трамп повеќе пати повтроил дека е убеден оти овој лек ќе делува во битката за сузбивање на коронавирусот. И Потпретседателот на САД Мајк Пенс  го препорача лекот и рече дека лекарите можат да го применуваат иако тој не е за таа намена, напомнувајќи дека Претседателот на САД е голем оптимист по прашањето за лекот.

Стручњаците, вклучувјќи ги и членовите на работната група за коронавирусот од Белата куќа, овие извештаи ги нарекоа непроверени бидејќи се темелат на лично искуство. Тие додаваат дека е потребно дополнително истражување пред да се одобри употребата на лекот за оваа намена.

Лекот во Њујорк веќе им се дава на многу хоспитализирани пациенти и почнува обемно испитување кое е дел од битката да се пронајде било какво решение кое ќе делува против болеста, пишува Блумберг.

Во студијата која ја правеле истражувачите од одделението за инфектологија и имунитет во Шангајскиот клинички центар за јавно здравје, 15 пациенти кои не го примале Хидроксихлорокин биле лечени конвенционално. Тоа подразбира мирување на заболениот, третирање со респираторна машина – кислород и антивирусни лекарства кои се препорачуваат во кинеската методологија за лечење, а по потреба и антибиотици.

Еден од пациентите кои биле третирани со антималаричниот лек добил тешки симптоми. Кај четворица пациенти лекот предизвикал дијареа и симптоми на потенцијално оштетување на јетрата во според со пациентите кои биле третирани со конвенционалното лекување. Надлежните дошле до заклучок дека се потребни дополнителни студии на поголем број пациенти да се дојде до релевантни показатели кои се ризиците и придобивките од методите на леклување на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави