Search

Легендарниот Чиро Блажевиќ доживеа сообраќајка

Легендарниот фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ вечерва доживеа сообраќајна несреќа во Загреб. Според првичните информации, во неговиот „смарт“ удрил „форд фокус“ на УБЕР.

– Другиот возач помина на знакот СТОП и ме удри. Сега одам во болницата. Добро сум набиен, имам голема жмучка на главата. Автомобилот е тоталка, им рекол преку телефон шокираниот Чиро на новинарите.

Тежината на повредите сè уште не е позната. Неговата секретарка изјавила дека се во тек прегледи. Според првите информации, освен главата, повредено е и рамото

Треба да знаете
Последни објави