Search

Леванте му даде отказ на Переиера, бара нов тренер

Леванте, тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, игра очајно сезонава во шпанската Ла Лига, и по одиграни 15. кола се наоѓаат на последната позиција на табелата. Ваквите резултати беа причина раководството на клубот да му врачи отказ на тренерот Хави Переира по само месец иполовина откако седна на жешката клупа. Переира беше на кормилото на Леванте само на седум натпревари и не постигна ниту една победа.

Македонскиот репрезентативец Барди и соиграчите во следниот период ќе бидат предводени од Алесио Лиши, кој е привремен стратег на клубот, а наскоро се очекува и ангажман на нов тренер.

Треба да знаете
Последни објави