Search

Латас му нуди интересна спогодба на Јовевски…

Новинарот Драган Павловиќ Латас во својата последна колумна за порталот Весник  го прозва републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, кој на прес конференцијата за „Рекет“ ја нападна судијката која донесе ослободителна пресуда за Латас во случајот „Тревник“ на СЈО:

-Во Јавното обвинителство веќе се забележуваат ароганција, демонстрација на моќ и нагон за заплашување на другите кои беа карактеристични за СЈО, и покажаа неуспех. Нема потреба од ново СЈО од кое сите се плашат но, не му веруваат, и барање притвори за секоја своја истрага и напаѓање судии на прес конференции. Последниот напад врз судија го направи државниот обвинител Љубомир Јовевски и тоа е опасен синдром, иако Јовевски ќе биде сменет по донесување на новиот закон за обвинителство во септемеври, пишува Латас.

Според него, напаѓајќи ја судијката која донела ослободителна пресуда по обвинението за дивоградба, па дури се закани со судскиот совет, покажал јасна намера да биде и обвинител и судија, што е формула за дикактура и деспотизам.

-Јас, во оваа прилика, му нудам спогодба на Јовевски: Ако најде еден, само еден случај некој во Македонија да е осуден за дивоградба ако дивоградбата не ја констатирал надлежен инспектор, и ако градителот патем има дозвола за градба и имотен лист, јас пред Апелација ќе признаам вина и ќе прифатам пресуда. Но, ако јас најдам најмалку три Решенија на обвинителство дека за ова не се покренува истрага по службена должност туку само по Решение на надлежен инспектор, тој да даде оставка и да не чека смена на есен. И додека добијам одговор чекам што ќе преземе обвинителството по допрен глас, кога советникот Усеини гради и отвара пицерија во Охрид, дивоградба на државно земјиште и во заштитена зона на УНЕСКО. За жал, јас немам ни милион евра ни функција во ДУИ или СДСМ, вели Латас.

Треба да знаете
Последни објави