Search

Лампард: Причините за неуспесите на Челси не лежат само во Кепа

Тренерот на премиерлигашот Челси, Френк Лампард, по нерешените 2:2 со Арсенал во 24. коло од фудбалското првенство на Англија (2:2), побара да не се обвинува голманот Кепа Аризабалага за овој резултат.

– Знам дека Кепа сега е во центарот на вниманието, но тоа е нормално, бидејќи ова е фудбал на највисоко ниво. Да, во денешниот натпревар тој понекогаш не ја контролираше топката на најдобар начин. Во некои случаи, ова може да влијае на развојот на играта, и ние ќе посветиме посебно внимание на ова. Секој играч, а особено голманот, секогаш е под лупа, особено за време на периоди што се тешки за тимот.
Сепак, причините за нашите неуспеси не лежат само во Кепа. Ние сме на четвртото место на пласман, што генерално не е толку лош резултат. А сепак, врз основа на прикажаната игра, моравме да имаме на нашето конто барем уште 10 бода, изјави Лампард.

Челзи со 40 бода од 24 натпревари се наоѓа на 4. место во англиското фудбалско првенство.

Треба да знаете
Последни објави