Search

Кјелце пак ја шокира Барселона, прва победа на ППД Загреб по 23 натпревари без триумф во ЛШ

Францускиот гигант Монпелје немаше проблеми против Елверум и славеше со 39-32 за шести триумф сезонава во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), додека на вториот меч ППД Загреб го реши Мешков Брест со 31-24.

Елверум му парираше на Монпелје само на стартот на натпреварот, по што францускиот тим ја презема контролата врз натпреварот и на полувреме замина со водство од три гола (19-16).

Монпелје ја полнеше мрежата на Елверум без потешкотии во вториот дел до конечни 39-32 и зацврстување на првото место во групата А. А одличен меч имаше Уго Дескат кој постигна 11 гола и беше најефикасен во тимот од Франција.

ППД Загреб тргна фуриозно во мечот и за кратко време создаде водство од 9-5, меѓутоа хрватскиот гигант почна со грешки во нападот и тоа знаеше како да го казни Мешков Брест, кој до полувреме израмни на 14-14. Гостите имаа и предност од два гола (17-15) на почетокот на вторите 30 минути, но потоа тимот од Загреб влезе во одлична серија и со неколку голгетерски серии славеше со 31-24.

Иван Чупиќ беше најдобар во екипата на ППД Загреб со осум постигнати голови, додека Јака Малуш даде шест гола за белорускиот тим. Ова беше прво славје за хрватскиот првак по 695 дена и 23 натпревари без победа во ЛШ.

Ракометарите на Кјелце за седум дена по втор пат ја совладаа Барселона во Лигата на шампионите, овој пат слацеа со 29:27. Откако минатата недела Кјелце ја прекина петгодишната доминација на Барселона во ЛШ на домашен терен, вечерва славеа пред своите гледачи и се одлепија на првото место на табелата во групата Б.

Полскиот тим до победата дојде благодарение на одличната игра во финишот кога негативата од 23:27 со неверојатна серија од 6:0 ја претворија во триумф од 29:27. Алекс Душебаев со осум постигнати гола беше најдобар во редовите на Кјелце, додека кај Барселона најпрецизен беше Бенгоечеа со пет постигнати голови.

Актуелниот европски шампион Алборг му се реваншира на Кил за поразот од минатата недела и славеше со 35:33. Кристенсен постигна девет гола за Алборг, додека кај Кил по најдобар беше Екберг со седум гола.

Треба да знаете
Последни објави