Search

Кумановец преку Фејсбук се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство- Куманово презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на А.Б. (36) од Куманово, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

По наредба на Основното јавно обвинителство- Куманово А.Б. на 15.1.2019 е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Треба да знаете
Последни објави