Search

Кривична за тетовци за марихуана и ножеви

На 19.07.2019 околу 23.30 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал М.А.(19) од Тетово, а во кое се наоѓал и С.Б.(22) од Тетово. При преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана, ризла и пет ножеви на расклопување. Двајцата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово, а по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави