Search

Кривична за стружанец кој палел нива и предизвикал пожар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лицето З.М.(70) од Струга осомничен за предизвикување општа опасност.

На 20 март годинава во струшкото Мороишта, струшко, пријавениот на нива запалил сува трска и трње, по што пожарот се проширил и на имотите на Г.Ј.(38), Ј.Ј.(43), В.Р.(47), Р.М.(33), В.Л. и Л.П.(55). Опожарени се три плевни, бали со сено, штала со домашни животни, кровна констукција на куќа, огревни дрва, покуќнинаи други предмети, со што била причинета материјална штета од околу 900.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави