Search

Косово воведе полициски час во четири градови

Поради ширењето на пандемијата од коронавирусот во Косово е воведен полициски час во четири градови, Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн. Граѓаните во овие градови нема да можата да се движата во периодот од 21 часот до 5 часот наутро.

Премиерот Авдулах Хпоти новите мерки најави дека ќе стапат на сила од утре, а ги оправда како  борба против ширењето на коронавирусот во овие градови каде се појавија жаришта од вирусот Ковид 19.

Во периодот кога ќе им биде дозволено движење на граѓаните во овие градови рестораните ќе можата да работат само во отворените делови од објектите.

Во Косово од почетокот на пандемијата регистирани се 3.356 лица инфицирани од коронавирусот, а починале 71.

 

Треба да знаете
Последни објави