Search

Концерт и мастер клас со тромбонистот на Џејмс Браун, легендарниот Фред Весли

Славниот музичар, тромбонистот Фред Весли, денеска пристигнува во Скопје и уште вечерва, со почеток во 19 часот, во скопското кафуле Brick Eat, кое е лоцирано покрај реката Вардар, веднаш до Парк Хотел & Спа ќе одржи двочасовен мастер клас за сите оние кои се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио „Fred Wesley Generation Trio“. Организаторите оваа средба повеќе ја најавуваат како „meet and greet“ со легендарниот тромбонист. Ова е единствена и неповторлива можност неговите искрени поклоници да се сретнат со оваа ѕвезда. Бројот на учесници е ограничен, а повеќе информации за овој настан има на фејсбук страницата на 3Гонга.

Утревечер на 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб Станица 26, Весли со неговото трио ќе одржат целовечерен концерт. Настанот е во организација на 3Гонга и Funky Fresh,, локална поддршка Гоце&Чваре.

Неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото Тони Меч има 45 години. Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно се до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија, вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.

Фред Весли ја започна својата кариера како тинејџер – тромбонист на Ајк и Тина Тарнер. Подоцна, во 1968 година на легендарниот Џејмс Браун му стана музички аранжер, тромбонист и главен компизитор. Соработката со Браун го направи Весли најпознатниот тромбонист на светот, кој хируршки прецизно го дефинираше јазикот на фанкот. Тој успеа да го издигне фанкот на сосема ново ниво. Нивната соработка траеше се до 1975 година. Во годините потоа тој музицираше со многу познати артисти и бендови меѓу кои и Parliament – Funkadelic и со Bootsy’s Rubber Band.Фред има снимено дузина соло албуми, култни песни, кои се дел од многу наградени документарни филмови, тој е дел од многу книги за фанкот и години наназад организира мастер клас насекаде низ светот.Билети за концертот достапни преку мрежите на kupikartizase.com и karti.com.mk.

Треба да знаете
Последни објави