Search

Коневски: Мијалков нема лидерски амбиции, но има право да биде загрижен

Христијан Мицкоски одбива да се соочи до делегатите кои го избраа на нов вонреден конгрес, бидејќи ќе го чека редовниот конгрес следната година за да може да избере свои делегати, рече поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски во интервју за „360степени“.

Конески, кој е дел од иницијативниот одбор за промени на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Мицкоски не ги реализирал трите нешта поради кои делегатите го избрале во 2017 година- да ја обедини партијата, да ги подобри коалициските капацитети и да ги обнови односите со меѓународната заедница и дека и на трите полиња состојбата е полоша од било кога.

-Мијалков нема лидерски амбиции и не сака да се меша во политиката, туку јавно настапува, бара одговорност и вонреден конгрес. Сепак, тој е еден од основачите на партијата, има право да биде загрижен. На крајот, тој го поддржа Мицкоски да биде лидер и затоа не е чесно тој да се однесува дискредитирачки до сите што му ја дадоа поддршката, одговори Коневски на прашањето дали зад нив стои екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

Треба да знаете
Последни објави