Search

Клоп: Манчестер сити е најдобриот тим на светот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп и оваа сезона смета дека Манчестер сити го има најдобриот тим на светот.

– Не можеме да бидеме најдобриот тим во Европа, затоа што Манчестер сити го има најдобриот состав на светот. Има и други многу добри тимови, па постојано мора да докажувате дека заслужено ве вбројуваат помеѓу нив, изјави Клоп.

Ливерпул е актуелен европски шампион, додека Манчестер сити шампион во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави