Search

Клоп го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година

Германскиот фудбалски стратег Јирген Клоп ја продолжи договорната обврска со актуелниот европски шампион и лидер во англиската премиерлигашка конкуренција Ливерпул. Клоп и Ливерпул потпишаа нов догвор со важност до летниот преоден рок во 2024 година.

Клоп во Ливерпул дојде во 2015 година, а во неговиот мандат успеа да го врати клубот на  шампионските патеки. Минатата сезона Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, а годинава е на добар пат да ја освои и Премиер-лигата, титула која навивачите на „Енфилд“ ја чекаат триесет години.

Треба да знаете
Последни објави