Search

Клиент не можел да си ги подигне парите од Еуростандард во Кавадарци, интервенирала полицијата

Барањето на еден клиент да ги повлече своите 500.000 денари од благајната на Еуродстандард банка во Кавадарци предизвика вистински метеж во експозитурата по што морала да интервенира и полицијата, јавува порталот Лидер.

Засега нема информација што точно се случува во банката.

Како што јавува порталот, клиентот сакал да ги подигне парите откако Народната банка соопшти дека ја одзема лиценцата на Еуростандард.

Порталот јавува и за зголемено присуство на полициски службеници пред експозитурата.

Треба да знаете
Последни објави