Search

Кекеновски: Партијата нема да биде заштитник на криминогени лица кои работат на штета на државата

Опозицијата почнува да се окрупнува. По најавата од лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Кристијан Мицковски дека во нивните редови се враќаат поранешните членови кои делуваа во ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија, потврда пристигна и од партијата ФРОДЕМ која беше формирана во 2015 година откако ги напуштија редовите на ВМРО ДПМНЕ. Како причина за напуштање на редовите на матичната партија луѓето од ФРОДЕМ наведуваат дека бил недомократскиот партиски амбиент и недемократското дејствување посебно на претходното раководство како и немањето на капацитет и сенс на дел од членството да ја согледа реалноста со узурпацијата, фамилијаризацијата и криминализацијата на матичната партија.

Сега членството на ФОРОДЕМ препознава дека овој амбиент е променет и затоа одлучило да се врати назад во матичната партија. ФРОДЕМ смета дека најновите случувања на партиско и државно ниво во овој момент создаваат сериозна основа потреба и обврска повторно да се инкорпорира во редовите на матичната  партија ВМРО ДПМНЕ.

-Од денеска па во иднина ќе дејствуваме  во насока на зајакнување на капацитетот и единството на партијата ВМРО ДПМНЕ и ќе помагаме во процесот на окрупнување на опозицијата со цел победа на партијата на претстојните локални избори. Патијата мора да биде кристално чиста. Во таа смисла таа несмее и понатаму да биде расадник, легло, ниту пак заштитник на криминализирани и криминогени лица кои работат на штета на државата и партијата. Кај нас и понатаму ќе доминираат заложбите за опстојување на патот на евро-атланската интегарција, за поништување на Преспанскиот договор и за враќање на уставното име Република Македонија, вели Јове Кекеновски, лидерот на ФРОДЕМ за 24 Инфо.

Во перидот од шест месеци ФРОДЕМ не побарува и не е заинтересиран за персонални компензации поради фактот и ставот дека е потреба потполна кохезија и демократизација во матичната партија. Партиското раководство би било пожелно да покаже волја и политичка корекност и да ангажира истакнати членови на ФРОДЕМ за промоција на партиските заложби, ставови и принципи со цела да се покаже единството на партијата.

Во случај на неисполнување на заедничките заложби и принципи ФРОДЕМ го задржува правото во иднина повторно да дејствува самостојно како здужение на граѓани согласно сопствената политика и зацртаната визија и мисија.

 

Треба да знаете
Последни објави