Search

Кекеновски: Владата со еднократна помош треба да им излезе во пресрет на граѓаните

Коалицијата ,,Никогаш Северна Само Македонија” во врска со последната одлука на Советот на Народна банка каде што им остава на банкарите сами да одлучат дали ќе овозможат на граѓаните пролонгирање за плаќањето на ратите за кредитите за три и повеќе месеци.

Со оглед на фактот дека банкарите секогаш го гледаат својот интерес, сметаме дека Советот на Народна Банка на Република Македонија не постапи рационално и во интерес на своите сограѓани, односно не им наложи на банкарите да им направат одложување на каматите и ратите кои што ги имаат по банките, онака како што го направија по побогатите држави во светот.

Сметаме дека владата на Република Македонија треба да излезе во пресрет на се потешката ситуација на граѓаните на Република Македонија со еднократна парична помош, и ние предлагаме тоа да биде 500 евра по семејство во Република Македонија.

Дололку владата не ја прифаќа оваа мерка тогаш предлагаме и алтернативна мерка Владата да додели еднократна прична помош во висина од 150-200 евра за секој граѓанин на Република Македонија присутен во државата без разлика дали е вработен, невработен, пензионер или студент. Од оваа мерка да бидат изземени лицата кои имаат пријавено месечни примања повисоки од .евра како и средношколците и помладата категории лица.

Линк од изјавата на проф д-р Јове Кекеновски во име на коалицијата  https://www.youtube.com/watch?v=JOHT89O4oww&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0n-rWE99F4gPE983AF1mHtEDWsAo6N5xFLf_DqiZyYRhUvcgrSiLliiXU

Треба да знаете
Последни објави