Search

Кацарска: Да ми кажеше Камчев дека му бараат пари, ќе го советував да не дава

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат рече дека доколку Орце Камчев и кажел дека му бараат пари, таа ќе го советувала да не дава.

-Ниту мајката на Орце, Ратка Камчева, со која сум премногу блиска, секој ден се слушаме и гледаме, не ми спомнала ништо за случајот. Ако ми кажеа дека му бараат пари, јас ќе го советував да не дава. Од друга страна, можеби и некој сакаше да го намести и да рече дека тој нуди парични средства. Треба да им бидам благодарна што не ме вмешаа. А, факт е дека јас бев постојано со неговата сестра и мајка додека беше во притвор, вели Кацарска.

Според неа, ветинг во судството треба да има и оти на тоа не гледа како на притисок врз судската власт, ниту пак, мешање на извршната власт во судството.

-Во никој случај, ама баш во никој случај не го сметам тоа за притисок на извршната власт врз судиите, ниту мешање во работата на судиите. Не само сега, додека е оваа партија на власт и било која партија да е на власт моето мислење ќе биде такво. Сметам дека треба да има ветинг во судството, вели Кацарска.

Треба да знаете
Последни објави