Search

Карпош ги отстранува недоличните пораки кои шират говор на омраза

Во рамки на „Деновите на Општина Карпош“, комуналните служби организираа викенд –

.

акција за отстранување на несоодветни натписи и пароли на дел од јавните површини по сите населби.

 

По претходно мапирање на сите пораки кои шират говор на омраза, денеска започна акцијата која ќе трае во текот на викендот

Во Тафталиџе 1 се отстрануваа натписите од амбулантата, која е во близина на гимназијата „Георги Димитров“. Паралелно со оваа активност, се интензивира и одржувањето на хигиената на улиците, парковите и другите фреквентни зони.

 

Изминативе денови, Општина Карпош организираше активности кои симболизираат хуманост, солидарност, заштита на животната средина, поттикнување креативност кај младите. Затоа беше организирана акција за дарување на крв, започна садењето на 450 дрвја, беше распишан конкурс за пишување и цртање, а општинските служби подготвуваат и донација на 80 пакети за најранливите категории на граѓани.

 

Основната цел на локалната самоуправа, особено во време на пандемија е да презема низа  активности, со што настојува да биде вистински сервис на граѓаните.

 

 

Треба да знаете
Последни објави