Search

,Како не ти е срам” му порача Милчин на Адеми поради дивоградбите во Охрид

,,Како не ти е срам” му порача професорот, Владимир Милчин  статус на Фејсбук на министерот без ресор, Едмонд Адеми, по повод неговото интервју за „Радио Слободна Европа“, каде вели  дека се појавила хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО.

Станува збор за отворањето на пицеријата пред неколку дена кај Чинарот во Охрид, која што е дивоградба, во сопственост на Нефи Усеини, советник на ДУИ во Општина Охрид.

„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на Фејсбук.

На тоа му одговори министерот Адеми, исто така преку статус објавен на социјалната мрежа. ,,Жалам што професорот Милчин ја испревртува мојата изјава. Јас никаде не го негирам постоењето на хотелска градба во Лагадин, или пицеријата кај Чинарот, ниту пак нив ги третирам како скали или гаражи.

Напротив велам дека постојат хотелски објекти, куќи и ресторани кои се дивоградби, но постојат и такви дивоградби како гаражи, скали, огради, тераси…итн. Заштита на Охрид и охридскиот регион е комплексен процес. Дивоградбите се само еден сегмент од тој процес”, вели Адеми.

Треба да знаете
Последни објави