Search

Како Заев помогна во кризата со поплавите, а како Мицкоски не помага во кризата со вирусот

Во август 2016 година, скопските села Стајковци, Смилковци, Арачиново и други помали населени места беа поплавени од обилни врнежи од дожд. Поплавите однесоа 22 живота кај локалното население. Цел август траеше санирањето на штетите, а во операцијата за чистење на поплавените површини, но и за изградбата на срушените објекти учевствуваа голем број институции, но и граѓани и политичари кои од хуманитарни причини излегуваа на терен и помагаа за да им го олеснат животот на поплавените граѓани.

А имаше многу што да се сработи, стотици поплавени куќи, илјадници хектари плодни ниви, уништена покуќнина и најтрагичното – усмртени луѓе. Но, свесни дека сите маки полесно се надминуваат во заедништво и со помош, многумина функционери на тогашната опозциска партија СДСМ излегуваа секојдневно на терен и помагаа во санирањето на штетите. Фотографиите од тогаш и денес сведочат за посветеноста на политичарите, за нивната граѓанска одговорност што ја имаат во кризни ситуации. Тогаш СДСМ не ја искористи човечката несреќа за политички да профитира, со ниски удари или креирање лажни вести за ситуацијата и за капацитетот на државните институции. Нешто кое периодов го прави ВМРО ДПМНЕ во обид да ќари некаков поен, иако за тоа воопшто нема простор.

Таквото однесување на опозицијата во 2016-та демонстираше поинаков однос на оние кои немаат конци во власта, дека доколку вистински сакаат да помогнат можат тоа да го направат на различни начини. Тој несреќен август и претседателот на СДСМ, Зоран Заев засука ракави и со група свои сроаботници одеше низ поплавените подрачја и заедно со тамошните жители, погодени од невремето, со физички активности помагаше во тоа што беше неопходно. Истата прилика и одговорност сега ја има Христијан Мицкоски, во една поинаква криза, која исто така носи човечки животи, а се заканува голем дел од населението да се зарази, а бројот на починати драстично да порасне. Но, корона вирусот иако го загрозува целиот свет, а на тест го става и нашиот здравствен систем, но и солидарноста, не е доволна причина за ВМРО ДПМНЕ конструктивно да се вклучи во справувањето со здравствената криза.

Од тогаш ќе остане запаматен и подвигот на Заев, во тоа време градоначалник на Струмица, како ангажираше 100-тина вработени од општинската администрација, кои пристигнаа во скопскиот поплавен регион со комплетната механизација и опрема за што помасовно и побрзо да им се помогне на загрозените локални жители. Ова значи дека тој ја чувствувал обврската, иако тогашните позиции како претседател на партија и градоначалник на друга општина не му го налагаат тоа, да излезе помеѓу поплавените граѓани и даде свој придонес. Секако во време на криза секоја помош е добредојдена, па оттаму и неговата и посветеноста на партијата во однос на последиците од поплавите.

Ако направиме споредба со тоа како сега се однесува опозицијата тогаш не е тешко да се заклучи дека Мицкоски, освен што се обидува да профитира политички, тој воопшто не сака да се вклучи со реална помош за надминување на кризата. Како прво, ВМРО ДПМНЕ нема намера да се откаже од милион евра кои на партијата и следат од државната каса, односно тоа се пари на граѓаните за кои Мицкоски не дозволува да се пренасочат за надминување на кризата. Понатаму, тој измисли дека партијата има некакви тимови за интервенција, иако е јасно дека сите здравствени работници се ангажирани преку системот и сите делуваат со натчовечки напори. Функционери на ВМРО ДПМНЕ ја лажеа јавноста околу владините мерки за надминување на здрвствената и економската криза дека не биле по мерак на Обединетите Нации, од каде ги демантираа.

Потоа Мицкоски излезе со сет мерки, кои практично не се соодветни во оваа фаза, а на крајот нервозата му ја истури на генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, кого со непристоен речник го обвини за финансиски криминал при организација на авионскиот превоз на македонски државјани кои сакаа да допатуваат во Сееврна Македонија.

Тоа што ВМРО ДПМНЕ не сака да се вклучи искрено и чесно и навистина конструктивно да помогне на државните институции кои неуморно работат, ги потврдуваат претпоставките дека Мицкоски има намера само неосновано да критикува преку креирање лажни вести на нивните партиски медиуми и да се додворува на гласачите, иако државата во моментов е далеку од избори. Но, нивното нехумано и несолидарно однесување не смее да влијае врз ефиксноста на владините институции.

Ако се погледне последната анкета на Детектор јасно е дека граѓаните не сакаат политички поделби во време на криза, оние кои ги промовира ВМРО ДПМНЕ. Па затоа, дури 82 отсто испитници му веруваат на министерот Венко Филипче, што е незапаметена доверба од еден политичар, но доверба се има и во лекарите и во системот, а над 90 отсто се изјасниле дека ги поддржуваат владините мерки, препораки и забрани. Со еден збор, бројките и фактите го демантираат сето она кое ВМРО ДПМНЕ како лага го пласира во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави