Search

Како да го победите стресот без лекови?

Лековите за смирување, седативите и слично не мора да ви бидат прв избор за да го победите стресот, постојат и природни начини кои ќе ви помогнат да се смирите кога сте вознемирени или под стрес.

 

Кога сте вознемирени постојат поздрави начини да се носите со стресот. Еве неколку од нив:

1. Витамин Б

Витамините од Б групата имаат важна улога во ослободувањето од стресот и се неопходни за здрав нервен систем. Можете да земате додатоци кои содржат Б комплекс, но подобро е да го збогатите внесот на намирници кои содржат витамини од оваа група како спанаќ, јајца, лосос, киноа, интегрални житарки, бадеми, ореви, лешници и слично.

Кога сме под стрес, на телото му се потребни повеќе Б витамини отколку во нормални околности.

2. Јаткасти плодови

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат една шака јаткасти плодови на ден имаат 20 проценти помали шанси да умрат од болести на срцето, рак или други заболувања. Покрај тоа, јаткастите плодови помагаат во губење на килограмите, во борбата против несоницата и добри се за подобрување на меморијата.

Како најздрави ги одделуваме оревите, кикириките, бразилскиот орев, бадемите, ф’стаците, лешниците. Овие плодови се богати со магнезиум, кој значително го намалува нивото на кортизол, хормон кој се излачува кога сме под стрес.

3. Зелен чај

Зелениот час содржи состојки кои ги ублажуваат анксиозноста и стресот и може да ви помогне полесно да заспиете. Станува збор за аминокиселината Л-теанин која има смирувачко дејство и се бори против стресот и уморот.

Истата ги засилува алфа-брановите во мозокот кои влијаат на опуштањето.

Треба да знаете
Последни објави