Search

ИТКФ онлајн Медитерански шампионат во традиционално карате

Од 16 до 18 јули 2020 година за прв пат во историјата ќе се одржи ИТКФ онлајн Медитерански шампионат во традиционално карате – (кати) за кадети, јуниори и сениори.

Mакедонската традиционална карате федерација (МТКФ) информира дека на Медитеранскиот онлајн шампионат учествуваат 188 напреварувачи од 22 земји меѓу кои и нашата земја.

За Македонската репрезентација во традиционално карате во кати ќе настапат: Дејан Недев, Аљоша Недев, Спасе Стојанов, Јане Бургов, Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска, Ведран Андоновски, Александра Стојановска и Максим Илиев.

– Изведбите на катите на сите напреварувачи се снимени со видео камери и испратени до судиските комисии кој гласаат со оценки онлајн. Судии од Македонија кои се делегирани и избрани да судат се: Венцислав Недев, Дејан Недев, Аљоша Недев и Јадранка Недева, соопштуваат од МТКФ.

Треба да знаете
Последни објави