Search

Иранскиот ајатолах Али Хамнеи вети одмазда за убиството на Фахризадех

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска дека Иран ќе се одмазди за убиството на научникот, Мохсен Фахризадех, шеф на иранската програма за нуклеарно оружје и најави дека ќе продолжат нуклеарните истражувања во земјата.

Британските медиуми јавуваат дека Хамнеи изјавата ја објави на својот налог на Твитер, еден ден откако Фахризадех беше убиен во заседа во близина на иранската престолнина Техеран.

Си-Ен-Ен утринава навести дека оваа ликвидација може да предизвика нова ескалација на тензиите и конфронтација меѓу Иран и неговите противници во последните неколку недели од мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително ќе ги отежне напорите на новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да го заживее процесот на детант, што беше инициран од администрацијата на Барак Обама.

Треба да знаете
Последни објави